


MammalWeb

Автор: P Palencia/SaBio-IREC
Зошто треба да го користам?
MammalWeb може да ви помогне подобро да разберете како се распространети различни видови цицачи и нивните живеалишта низ цела Европа. Може да ги поставувате своите фотографии на мрежата или да идентификувате видови од вашиот дом.
Помогнете да се зајакне зачувувањето на цицачите што ги сакате во нивните природни живеалишта!
Одлична можност е да дознаете повеќе за природата, да размените знаење со други корисници и да поминете некое квалитетно време во природа.
Погледнете фантастични фотографии од диви цицачи во нивната околина – едноставно може да бидете изненадени од видовите околу вас.
Кои се придобивките од неговата употреба?
Знаењето што го имаме за повеќето диви цицачи е сè уште прилично ограничено. Иако постојат многу детални студии за биологија на многу видови, тие имаат тенденција да се фокусираат на многу мали природни области. Многу е важно да се прошири ова многу локално гледиште, така што ќе можеме да добиеме повеќе информации за специфични цицачи во нивната поширока животна средина.
- Со информациите што ги добиваме од корисниците, можеме подобро да ја разбереме дистрибуцијата на видовите цицачи, и нивните сезонски и временски патеки на движење
- Со подобри информации за тоа каде живеат цицачите и како тие се движат, можеме подобро да го разбереме влијанието на климатските промени и човековите активности врз промените во моделите на дистрибуција и присуството на воведени или инвазивни видови. Исто така, можеме да имаме подобра идеја за болестите што ги носат дивите цицачи кои можат да влијаат на добитокот и луѓето. Доброто разбирање на дистрибуцијата на цицачите може да помогне да се утврдат ризиците и да се донесат одлуки засновани врз цврсти научни докази
- Кога собираме податоци од доволен број локации преку информации што ги поставуваат корисниците, не само што можеме да видиме кои видови се присутни, туку исто така можеме да имаме и подобро чувство за тоа кој вид може да недостасува во секој регион. Оваа информација е многу важна со цел да се разбере и точно да се предвиди дистрибуцијата на видовите, а со тоа и големината на популацијата.
Ќе можеме да ги потврдиме информациите што ни ги испраќате со помош на експерти и други членови на научната заедница. Оваа потврдена информација ќе биде испратена до централизираната архива на Глобален информациски систем за биолошка
разновидност (GBIF) и Европскaта агенција за безбедност на храна (EFSA), што истражувачите и управителите на дивиот свет низ целиот свет можат да ги користат за да одговорат на сегашните и идните прашања од истражување и зачувување.
Зошто во GBIF?
GBIF – Глобален инструмент за информации за биолошка разновидност — е меѓународна мрежа и фондација за истражување, финансирана од владите ширум светот и има за цел секому, каде и да било да му обезбеди отворен пристап до податоци за сите видови на живот на Земјата.
Важен дел од мисијата на GBIF е да промовира култура во која луѓето ќе ги препознаат придобивките од објавување на податоци за биолошка разновидност со отворен пристап, за себе и за пошироката глобална заедница.
Со тоа што ќе ги направите вашите информации достапни преку GBIF и други мрежи со информации за биодиверзитетот, вие ќе придонесете за глобалното знаење за биолошката разновидност, како и за решенијата коишто ќе промовираат нејзино зачувување и одржливо користење.
Со тоа што вашите информации ќе ги поставите да бидат јавно достапни, се овозможува да се комбинираат бази на податоци од целиот свет, така што истражувачите можат да работат заедно на сродни задачи со заедничка цел.
Зошто во ЕФСА?
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) обезбедува независни научни совети на Европската комисија и на пошироката јавност за безбедноста на храната и ризиците во ланецот на храна. ЕФСА ќе ги користи собраните информации за изобилство и дистрибуција на диви цицачи за да го процени ризикот од болести кои влијаат врз животинскиот свет, добитокот и луѓето.

Ова е снимка од екранот на MammalWeb ’Trapper’ страницата, што покажува пример од локација на фото-стапицата во рамките на проектот ENETWILD Шпанија
Како да го користите?
Корисниците треба да се регистрираат, а потоа можат да изберат да станат трапери и / или спотери (аналитичари). Потоа, траперите можат да ги регистрираат своите локации на кои се поставени фото стапиците, да дадат информации за видот и локацијата користејќи географски координати. Откако ќе се регистрира фото-стапицата, сликите веќе можат да се прикачуваат и спотерите можат да започнат да ги идентификуваат животните на сликите. Притоа, треба да се прикачуваат само слики од овој модел на фото-стапица од оваа локација. Може да се додадат многу различни локации.
Запомнете да го изберете проектот MammalNet за да ги поставите вашите фотографии од вашата земја или ако претпочитате можете да ги идентификувате оние фотографии што биле снимени во вашата земја.
Спотерите/ аналитичарите можат да идентификуваат која било од сликите на MammalWeb или можат да изберат да гледаат слики од одреден проект или земја. Корисниците можат да видат од која земја се сликите и им е даден список на локални видови за избор. За полесна употреба, веб-страницата е на повеќе јазици

Ова е слика од екранот на MammalWeb “Spotter ” страницата. Сликата е од сива верверица која седи на камерата, а опашката ѝ виси надолу.

Ова е слика од екранот на страницата на MammalWeb Spotter, која покажува сива верверица, која е идентификувана на сликата (видете долу лево)
Тогаш спотерите/аналитичарите ќе прегледаат серија слики, со цел да ги идентификуваат сите животни видени од прикажаната листа. Спотерите можат да забележат колку е присутно секое животно и можат да идентификуваат повеќе од еден вид во фото-серија.
Сликите ќе останат во сопственост на лицето што ги прикачува, но податоците земени од сликите ќе бидат отворено достапни преку GBIF под лиценца Creative Commons (Attribution-ShareAlike 4.0 International (CC BY-SA 4.0)). Корисниците на крајот ќе можат да ги прегледуваат записите од различни области, со помош на алатка за откривање, која во моментов е во фаза на бета-тест. Специфичните локации на фото-стапиците не се откриваат, но сликите се групирани така што корисниците можат да пристапат до базата на податоци, како на пример, за да разгледаат разновидност на видовите или модели на активност. Подетални упатства за користење на MammalWeb може да се најдат на веб-страницата
Подетални упатства за користење на MammalWeb може да се најдат на страницата