Евидентирање на европски цицачи

Што е iMammalia?

iMammalia е бесплатна апликација за паметни телефони со дизајн лесен за користење, кој ви овозможува брзо и лесно да евидентирате и споделувате доколку сте забележале цицачи или нивни знаци и патеки. Апликацијата вклучува упатства за идентификација на различни видови и ги зачувува сите ваши записи, така што ќе имате детален евиденција за сите ваши забележувања на цицачи.

Зошто треба да ја користам?

Имате одлична можност да помогнете да се подобрат сознанијата за живеалиштата на цицачите и дистрибуцијата низ цела Европа.

Може да станете клучен играч во промовирањето на зачувувањето на цицачите и нивната околина.

 

Дознајте повеќе за природата, споделете го своето знаење со други луѓе и мапирајте ги своите лични забележувања на цицачи.

Кои се придобивките од употребата на апликацијата?

Нашето знаење за повеќето цицачи е сè уште прилично ограничено. Иако постојат многу детални студии за биологијата на цицачите, информациите имаат тенденција да се концентрираат на многу мали природни области. Важно е да се прошири оваа  локална гледна точка, за да можеме да добиеме повеќе информации за специфични цицачи во нивната поширока околина.

Со собирање доволно податоци преку информации поставени од корисниците, не само што можеме да видиме кои видови се присутни, туку може да имаме и подобро чувство околу тоа кои видови можат да бидат отсутни во секој регион. Оваа информација е многу важна за да се разбере и точно да се предвиди дистрибуцијата на видовите и ќе се искористи за да се помогне да се создаде следниот Европски Атлас на Цицачи.

Ние ќе можеме да ги потврдиме информациите што ни ги испраќате со помош на експерти и други членови на научната заедница. Ваквата потврдена информација ќе биде испратена до централизирана архива на Глобалниот инструмент за информации за биолошка разновидност (GBIF) и Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), коишто можат да ги користат истражувачи и лица кои управуваат со диви животни ширум светот за да одговорат на сегашните и идните прашања за истражување и зачувување на видови.

Сите записи ќе бидат доставени на веб-платформа https://european-mammals.brc.ac.uk/ каде можете да се најавите за да ги видите вашите, или сите, записи за цицачи, и да видите кои области или видови сè уште не биле евидентирани.

Зошто на GBIF?

GBIF – Глобален инструмент за информации за биолошка разновидност — е меѓународна мрежа и фондација за истражување, финансирана од владите ширум светот и има за цел секому, каде и да било да му обезбеди отворен пристап до податоци за сите видови на живот на Земјата.

Важен дел од мисијата на GBIF е да промовира култура во која луѓето ќе ги препознаат придобивките од објавување на податоци за биолошка разновидност со отворен пристап, за себе и за пошироката глобална заедница.

Со тоа што ќе ги направите вашите информации достапни преку GBIF и други мрежи со информации за биодиверзитетот, вие ќе придонесете за глобалното знаење за биолошката разновидност, како и за решенијата коишто ќе промовираат нејзино зачувување и одржливо користење.

Со тоа што вашите информации ќе ги поставите да бидат јавно достапни, се овозможува да се комбинираат бази на податоци од целиот свет, така што истражувачите можат да работат заедно на сродни задачи со заедничка цел.

Зошто во ЕФСА?

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) обезбедува независни научни совети на Европската комисија и на пошироката јавност за безбедноста на храната и ризиците во ланецот на храна. ЕФСА ќе ги користи собраните информации за изобилство и дистрибуција на диви цицачи за да го процени ризикот од болести кои влијаат врз животинскиот свет, добитокот и луѓето.

Зошто во ФАО?

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) е специјализирана агенција на Обединетите нации која ги предводи меѓународни напори за надминување на гладот и обезбадување на храна и води грижа луѓето да имаат редовен пристап до доволно квалитетна храна за да водат активен, здрав живот.

ФАО работеше заедно со проектот MammalNet за да додаде нови функции на Апликацијата, да им помогне на земјите во пријавувањето на трупови на диви свињи и да обезбади брзо и ефикасно известување за пронајдени трупови, нивниот пол и состојба на распаѓање.

Пријавувањето трупови на диви свињи од ловци, рекреативци и други лица кои се присутни во  живеалишта на диви свињи е исклучително важно за целите за надзор за подобрување на достапните информации за африканската чума кај свињите, болест кај домашните и дивите свињи која се шири со засилено темпо низ цела Европа.

Како да ја користите?

На App Store или Google Play побарајте iMammal и преземете ја апликацијата.

Кога ќе ја отворите апликацијата, можете да го изберете посакуваниот јазик и регион од достапните опции, или ако сакате можете да ја користите англиската верзија.

Фотографиите од различни видови ќе ви овозможат лесно да ги лоцирате забележаните видови и можете да пристапите до камерата за да ги сликате видовите или нивнуте знаци доколку се достапни.

Упаството ќе ви овозможи да добиете повеќе детали за описот и дистрибуцијата на секој вид.

Можете да го користите GPS-то на вашиот мобилен телефон за да внесете географски координати или да ја користите мапата за да ја лоцирате локацијата на вашето набудување.

Сите записи на корисници ќе бидат видливи на веб-страницата за корисникот да ги испита, пребарува и зацрта, и доколку е потребно да ги ажурира или поправи. Истите податоци за најава може да се користат и за веб-страницата. Регионалните експерти за цицачи потоа ќе го разгледаат секој запис и ќе ги прифатат како точни, ќе побараат повеќе информации или ќе ги отфрлат.

контакт

iMAMMALIA